
Francofolies de Bulgarie 2023
********
Фестивалот Francofolies de Bulgarie којшто традиционално се одржуваше во Благоевград, годинава се одржува во Пловдив, Европска престолнина на културата за 2018/19, во излетничкиот парк „Гребен канал“ (Веслачки канал) на периферијата на Пловдив, во 2 фестивалски вечери: петок и сабота 16 и 17 јуни 2023. По тој повод организираме пакет аранжман со вклучен превоз од Скопје, едно ноќевање во хотел*** во близина на фестивалот и билет за двете фестивалски вечери (Програма ВАРИЈАНТА.А). Во моментот на промовирање на аранжманот, потврдени се врвни светски имиња кои ќе земат учество на фестивалот (LP, Imany, Helena Paparizou,…) на првтата фестивалска вечер, а во најскоро време се очекува потврда и на други исто така светски познати бендови, за втората вечер.
Како дополнителна варијанта нудиме можност за следење само на првата фестивалска вечер со превоз и еднодневен билет и заминување веднаш истата вечер по завршувањето на настанот, без ноќевање (Програма ВАРИЈАНТА.Б).
ПРОГРАМА Варијанта.А (Превоз(+)ноќевање(+)дводневен билет)
Прв ден … ПОАЃАЊЕ од Скопје во петок 16.06.2023 рано наутро, околу 7 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето). … Ноќно возење преку граничниот премин кон Бугарија со повремени паузи по мотелите.
ПРИСТИГНУВАЊЕ во Пловдив околу 16 часот и паркирање пред хотелот кој се наоѓа на 30 мин пешачење до местото на настанот.
СЛОБОДНО ПОПЛАДНЕ … (Во близина хотелот и на местото на настанот се наоѓа огромен парк со прекрасни места за одмор и рекреација, бројни кафанчиња и кафулиња, експрес ресторани како и огромен мол. Центарот на градот и Стариот град (околу 4 км од паркот) се поврзани со бројни и чести градски автобуски линии.
ВЕЧЕР следење на првата фестивалска вечер ( LP, Imany, …)
НОЌЕВАЊЕ
Втор ден … сабота, 17.06.2023… Напуштање на хотелот најкасно во 11 ч, оставање на непотребниот багаж во автобусот и слободен ден за слободни активности до предвечерните часови.
Следење на втората фестивалска вечер.
Потоа, собирање на групата на договорено место (на пр. кај хотелот) во 23 ч и заминување кон дома.
Ноќно возење со повремени паузи.
Трети ден … недела 18.06.2023 … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје во раните утрински часови.
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВАРИЈАНТА.А
со ограничен рок (за првите 12 пријавени) = 9900 ден
(Можност за плаќање на рати од моментот на резервација до поаѓањето. Минимум за резервација 3000 ден)
************************
ПРОГРАМА Варијанта.Б (без ноќевање, само превоз(+)еднодневен билет за првата вечер)
Прв ден … ПОАЃАЊЕ од Скопје во петок 16.06.2023 рано наутро, околу 7 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето). … Ноќно возење преку граничниот премин кон Бугарија со повремени паузи по мотелите.
ПРИСТИГНУВАЊЕ во Пловдив околу 16 часот и паркирање пред местото на настанот.
СЛОБОДНО ПОПЛАДНЕ … (Во близина на местото на настанот се наоѓа огромен парк со прекрасни места за одмор и рекреација, бројни кафанчиња и кафулиња, експрес ресторани како и огромен мол. Центарот на градот и Стариот град (околу 4 км од паркот) се поврзани со бројни и чести автобуски линии.
ВЕЧЕР следење на првата фестивалска вечер ( LP, Imany, …)
По завршувањето на првата фестивалска вечер, собирање на групата на договорено место околу полноќ и заминување кон дома.
Ноќно возење со повремени паузи.
Втор ден … сабота 17.06.2023 … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје во раните утрински часови.
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Б со ограничен рок
(за првите 12 пријавени) = 6900 ден
(Можност за плаќање на рати од моментот на резервација до поаѓањето. Минимум за резервација 3000 ден)
****************
(Забелешка: Само влезници не продаваме ниту пак сме во можност за држење залиха по нивното официјално распродавање.
Сите влезници се стоење и се еднакви, значи нема посебен простор за т.н. фанпит, така да кој како порано ќе влезе, може да најде место понапред. Постојат и влезници ВИП, но тие се поскапи и не се опфатени во нашата програма)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус (зависно од бројната состојба) на наведената релација Скопје- Пловдив-Скопје
… Влезница (зависно од варијантата А или Б)
… Ноќевање (без појадок) (ако е ВАРИЈАНТА.А) во хотел(***), соби со 2, 3 или 4 кревети, со сопствено купатило, тв, клима, интернет,… на влезот на Пловдив, на подеднаква оддалеченост до како до местото на настанот, така и до Центарот на Пловдив.
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
водич-придружник.
********************
ЗАБЕЛЕШКА.1: Доколку имате некои дополнителни прашања околу аранжманот, слободно консултирајте не преку месинџер на нашата ФБ фан страна Eurotours Stip или тел/виб.. 078 473 181)
ЗАБЕЛЕШКА.2: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 6 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден
ЗАБЕЛЕШКА.4: За реализација на аранжманот (било А, било Б) потребен е минимум од 15 пријавени патници.
ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистот или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 10+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 5-9 дена преф настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 2-4 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-1 ден пред на настанот, се рефундира 0%.