NIGHTWISH 

NIGHTWISH 

by
55 55 people viewed this event.

********

Финскиот симфониски метал бенд Nightwish, на врвот на својата светска слава, во рамките на годинешнава европка турнеја, најблизу до нас настапува во Атина, т.е. во пристанишниот град Пиреа, во рамкиете на годинешниов летен фестивал, на платото „Воден плоштад“ на самиот морски брег.  

По тој повод организираме пакет аранжман во 2 ВАРИЈАНТИ: Варијанта.А:…ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ(+/-)БИЛЕТ 

Варијанта.Б:…ПРЕВОЗ(+/-)БИЛЕТ 

со следниве програми:  

ПРОГРАМА Варијанта.А (со ноќевање)

Прв ден … ПОАЃАЊЕ од Скопје на 06.06.2023 навечер околу 20 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето). …  Ноќно возење преку граничниот премин Гевгелија кон Грција со повремени паузи по мотелите.

Втор ден … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Атина 07.06. околу 10 часот и паркирање во непосредна близина на хотелот и на местото на настанот. 

СЛОБОДНО ПОПЛАДНЕ … (Во близина хотелот и на местото на настанот се наоѓаат неколку метро станици кои се дирекно поврзани со сите знаменити места во Атина: Акрополис, Синтагма, Плака, … така што слободното време може пријатно да се искористи за едноставен достап и прошетка до истите. Дневна карта (24 часа) за неограничено возење со метро, бус и транвај = 4 евра)

ВЕЧЕР следење на концертот и на другите фестивалски активности. 

НОЌЕВАЊЕ 

Трет ден … 08.06.2023… Напуштање на хотелот најкасно во 11 ч, оставање на непотребниот багаж во автобусот и слободен ден за слободни активности до предвечерните часови. 

Собирање на групата на договорено место (кај хотелот) во 19 ч и заминување кон дома. 

Ноќно возење со повремени паузи. 

Четврти ден … 09.06.2023 … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје во раните претпладневни часови.  

УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ А со ограничен рок 

(за првите 12 пријавени

ВАРИЈАНТА.А1. САМО ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ (со твоја влезница) = 9900 ден 

ВАРИЈАНТА.А2. ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА(GA, стоење) = 13800 ден 

************************ 

ПРОГРАМА Варијанта.Б (без ноќевање)

ПОАЃАЊЕ од Скопје на 06.06.2023 навечер околу 20 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето). …  Ноќно возење преку граничниот премин Гевгелија кон Грција со повремени паузи по мотелите.

ПРИСТИГНУВАЊЕ во Атина 07.06. околу 10 часот и паркирање во непосредна близина на местото на настанот. 

СЛОБОДНО ПОПЛАДНЕ … (Во близина на местото на настанот се наоѓаат неколку метро станици кои се дирекно поврзани со сите знаменити места во Атина: Акрополис, Синтагма, Плака, … така што слободното време може пријатно да се искористи за едноставен достап и прошетка до истите)

ВЕЧЕР следење на концертот и на другите фестивалски активности. 

СОБИРАЊЕ на групата околу полноќ и заминување кон дома.. Ноќно возење со повремени паузи.

ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје во претпладневните часови, 08.06.2023. 

УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Б со ограничен рок 

(за првите 12 пријавени

ВАРИЈАНТА.Б1. САМО ПРЕВОЗ (со твоја влезница) = 8000 ден 

ВАРИЈАНТА.Б2. ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА(GA, стоење) = 11900 ден 

**************** 

(Забелешка: Само влезници не продаваме ниту пак сме во можност за држење залиха по нивното официјално распродавање. 

Сите влезници Џенерл Адмишн се еднакви, значи нема посебен простор за т.н. фан пит, така да кој како порано ќе влезе, може да најде место понапред)

(МОЖНОСТ ЗА ПОВЕЌЕ РАТИ со уплата на 50% од актуелната цена, 

а остатокот до поаѓањето) 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус (зависно од бројната состојба) на наведената  релација Скопје-Атина(Пиреа)-Скопје 

… Влезница (ако е ВАРИЈАНТА А2 или Б2)

… Ноќевање (без појадок) (ако е ВАРИЈАНТА.А) во хотел(**), сите соби двокреветни со сопствено купатило, тв, клима, интернет,… во строгиот центар на Пиреа, 500м од метро станици (линии 1 и 3) и 4 км од настанот. 

… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на  лиценциран 

водич-придружник. 

********************

ЗАБЕЛЕШКА.1: Доколку имате некои дополнителни прашања околу аранжманот, слободно консултирајте не преку месинџер на нашата ФБ фан страна Eurotours Stip или тел/виб..  078 473 181) 

ЗАБЕЛЕШКА.2:  За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 6 месеци после терминот. 

ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден  

ЗАБЕЛЕШКА.4: За реализација на аранжманот (било А, било Б) потребен е  минимум од 15 пријавени патници. 

ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:  

1.. Ако откажувањето е од страна на артистот или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот. 

2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш. 

3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после реализацијата на настанот и тоа: 

– Ако откажувањето е најавено 10+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1. 

– Ако откажувањето е најавено 5-9 дена преф настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.

– Ако откажувањето е најавено 2-4 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.

– Ако откажувањето е најавено 0-1 ден пред на настанот, се рефундира 0%. 

To register for this event email your details to admin@eurotoursstip.eu

Register using webmail: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook

 

Date And Time

06.06.23 to
09.06.23

Share With Friends