
Guns N Roses
Легендарниот американски хард рок бенд во рамките на својата европска турнеја 2023, најблузу до нас настапува во Букурешт на велелепната Букурешт Арена
По тој повод организираме пакет аранжман во 2 ВАРИЈАНТИ: Варијанта.А:…ПРЕВОЗ(+)НОЌЕВАЊЕ(+)БИЛЕТ
Варијанта.Б:…ПРЕВОЗ(+)БИЛЕТ
со следниве програми:
ПРОГРАМА Варијанта.А (со ноќевање)
Прв ден … ПОАЃАЊЕ од Скопје на 15.07.2023 навечер околу 20 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето). … Транзитно ноќно возење преку Бугарија со повремени паузи по мотелите.
Втор ден … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Букурешт 16.07. околу 10 часот и паркирање во непосредна близина на хостелот и на местото на настанот.
СЛОБОДНО ПОПЛАДНЕ за одмор од патот, сместување и заеднички или индивидуален разглед на околните знаменитости. Хостелот е на 20 мин пеш од строгиот центар така да сите значајни знаменитости се непосредно достапни.
ВЕЧЕР следење на концертот во Арената која што е 4 км од хостелот.
НОЌЕВАЊЕ
Трет ден … 17.07.2023… Напуштање на хостелот најкасно во 11 ч, оставање на непотребниот багаж во автобусот и слободен ден за слободни активности до предвечерните часови.
Собирање на групата на договорено место (кај хостелот) во 19 ч и заминување кон дома.
Ноќно возење со повремени паузи.
Четврти ден … 18.07.2023 … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје во раните утрински часови.
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ А со ограничен рок
(за првите 12 пријавени)
ВАРИЈАНТА.А.1 ПРЕВОЗ(+)ХОСТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА(партер) = 14900 ден
ВАРИЈАНТА.А.2 ПРЕВОЗ(+)ХОСТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА(фанпит) = 18900
(можност за билет трибина по сопствен избор на сектор во директен контакт)
************************
ПРОГРАМА Варијанта.Б (без ноќевање)
Прв ден .. ПОАЃАЊЕ од Скопје на 15.07.2023 навечер околу 20 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето).
Транзитно ноќно возење преку Бугарија со повремени паузи по мотелите.
Втор ден … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Букурешт 16.07. околу 10 часот и паркирање во непосредна близина на местото на настанот, Националната Арена.
СЛОБОДНО ПОПЛАДНЕ за индивидуални и групни прошетки и разглед на најзначајните знаменитости. Непосредно до Арената се наоѓа метро станица со лесен достап до сите битни места во градот.
ВЕЧЕР, следење на концертот.
СОБИРАЊЕ на групата околу полноќ и заминување кон дома.. Ноќно возење по истиот пат со повремени паузи.
Трет ден … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје во претпладневните часови, 17.07.06.2023.
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Б со ограничен рок
(за првите 12 пријавени)
ВАРИЈАНТА.Б.1 ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА(партер) = 12900 ден
ВАРИЈАНТА.Б.2 ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА(фанпит) = 16900
(можност за билет трибина по сопствен избор на сектор во директен контакт)
****************
(Забелешка: Само влезници не продаваме ниту пак сме во можност за држење залиха по нивното официјално распродавање)
(МОЖНОСТ ЗА ПОВЕЌЕ РАТИ со уплата на 50% од актуелната цена,
а остатокот до поаѓањето)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус (зависно од бројната состојба) на наведената релација Скопје-Букурешт-Скопје
… Влезница (по избор)
… Ноќевање (без појадок) (ако е ВАРИЈАНТА.А) во одличен хостел(**), соби двокреветни или трикреветни со сопствено купатило, тв, клима, интернет,… во централното градско подрачје на Букурешт, 2 км до строгиот центар, 4.5 км до Арената.
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
водич-придружник.
********************
ЗАБЕЛЕШКА.1: Доколку имате некои дополнителни прашања околу аранжманот, слободно консултирајте не преку месинџер на нашата ФБ фан страна Eurotours Stip или тел/виб.. 078 473 181)
ЗАБЕЛЕШКА.2: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 6 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден
ЗАБЕЛЕШКА.4: За реализација на аранжманот (било А, било Б) потребен е минимум од 15 пријавени патници.
ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистот или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 10+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 5-9 дена преф настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 2-4 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-1 ден пред на настанот, се рефундира 0%.