Live, ATHENS, 09.07.2026
Platea Nerou, Paraeus
Еднодневен ПАКЕТ-АРАНЖМАН превоз(+)билет,
ИЛИ само превоз (без билет)
ИЛИ само билет (без превоз)
ПРОГРАМА:
Прв ден, среда, 08.07.2026… ПОАЃАЊЕ од Скопје вечер околу 23 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето).
Возење преку граничниот премин Гевгелија кон Грција со повремени паузи по мотелите.
Втор ден, четврток 09.07.2026… ПРИСТИГНУВАЊЕ во Атина околу 10 часот претпладне и паркирање во непосредна близина на местото на настанот: Отворено плато Platea Nerou (Воден плоштад) во Пиреа на самиот морски брег изграден специјално за вакви настани.
Слободно претпладне и попладне за индивидуални или груни шеми за прошетка до Акроплис, Ценатрот на Атина (улицата Ермоу и најснабдената продавница со најквалитетни хевиметалски мајци и други реквизити…), старата месност Плака, или пристанишниот или плажниот дел од Пиреа,… сите достапни со директна транвај+метро линија со местото на настанот.
Вечер, следење на концертот.
По завршување на концертот, собирање на групата на паркингот кај автобусот и заминување кон дома со ноќно возење.
Трет ден, петок 10.07.2026 … Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ (со ограничен рок, зависно од состојбите со продажбата на билети кај официјалниот промотор)
САМО ПРЕВОЗ(без вклучен билет) = 8200 ден
ПАКЕТ: ПРЕВОЗ(+)БИЛЕТ партер-стоење = 13.700 ден (партерот е еднократен, нема посебен дел за фанпит)
МОЖНОСТ ЗА САМО БИЛЕТ(без вклучен превоз) = ПАКЕТОТ минус ПРЕВОЗОТ
*** МОЖНОСТ ЗА ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ СО МИНИМАЛЕН АВАНС ОД 30% ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА, А ОСТАТОКОТ ДО АКТУЕЛНАТА ЦЕНА НА х РАТИ ДО ЈУНИ 2026!
ЗАБЕЛЕШКА.2: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден
ЗАБЕЛЕШКА.4: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.
ЗА БИЛО КАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ РЕЗЕРВАЦИИ, … тел/вибер 078 473 181 или месинџер на нашата фб или инстаграм фан странаEurotours Stip
ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 15-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 8-14 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-7 ден пред на настанот, се рефундира 0%
ЗАБЕЛЕШКА: За опцијата САМО БИЛЕТ не важат условите од точка.3