SCORPIONS, Sofia, 27.06.2026
Arena 8888
ПАКЕТ-АРАНЖМАН: превоз(+)влезница
МОЖНОСТ ЗА САМО ВЛЕЗНИЦА или САМО ПРЕВОЗ
ПРОГРАМА:
Поаѓање од СКОПЈЕ, сабота 27.06.2026 околу 9 ч наутро (Точното време и место за поаѓање ќе бидат прецизирани во директен контак на 2-3 дена пред поаѓањето. Обично од Скопје поаѓаме од пред хотел Континентал, а можно е поаѓање и од Штип, Св.Николе и Куманово)
Возење преку граничниот премин кон Софија со 1-2 паузи по потреба.
ПРИСТИГНУВАЊЕ во Софија околу 14 ч и паркирање близу до местото на настанот, Арената 8888 (поранешно име Арена Армеец, најголема затворена арена во Софија).
Слободни 3-4 часа секој по своја желба.
Следење на концертот кој кога сака од отварањето на вратите до крајот.
Собирање на групата на паркингот кај автобусот, 30 мин по завршувањето на концертот.
ПОАЃАЊЕ кон Скопје околу полноќ. Ноќно возење.
ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје недела 28.06.2026 рано наутро околу 5 до 7 часот. (Точното време не може однапред да се предвиди, зависи од многу фактори …)
УЛТРАПРОМОТИВНА ЦЕНА со ограничен рок за резервации додека има билети во официјална продажба од официјалниот промотор, или до потрошувањето на местата:
.. ПАКЕТ ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА(партер-стоење) … 8.000 ден
.. САМО ПРЕВОЗ (без влезница) наведен во програмата …. 3.400 ден
.. САМО ВЛЕЗНИЦА партер стоење (без превоз) …. 4.800 ден
(ЗАБЕЛЕШКА: Партерот стоење е еднократен, т.е. нема посебен дел за фанпит, така што кој како порано ќе влезе или ќе се истурка ….)
МОЖНОСТ ЗА РАТИ со уплата на минимум 30% од актуелната цена, а остатокот рапореден до крајот на мај 2026. Со авансирањето на актуелната цена во даден момент, таа цена останува за доплата до крајот, без обзир на евентуалните поскапувања во меѓувреме.
ВО ЦЕНАТА НА ПАКЕТОТ Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус на наведената релација
… Влезница ПАРТЕР СТОЕЊЕ
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
водич-придружник.
ЗАБЕЛЕШКА.1.. За дополнителни информации и резервации можете да не контактирате на тел/виб 078 473 181 или реку месинџерот на нашата ФБ фан страна Eurotours Stip
ЗАБЕЛЕШКА.2: За аранжманот е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување за тој еден ден кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 100 ден
ЗАБЕЛЕШКА.4: За реализација аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.
ЗАБЕЛЕШКА.5 .. Бројот на местата е ограночен!!
ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 10-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-9 ден пред на настанот, се рефундира 0%
ЗАБЕЛЕШКА: За „само влезница“ НЕ ВАЖАТ условите од точка.3