KYLIE MINOGUE

Live, ATHENS, 18.07.2025

Platea Nerou at Pireas

Пакет: ПРЕВОЗ(+)БИЛЕТ или САМО ПРЕВОЗ

П Р О Г Р А М А Т А Е ВО МИРУВАЊЕ !!

……………………………… 

ПАКЕТ-АРАНЖМАН превоз(+)билет, ИЛИ само превоз(без билет),

со следнава програма:

Прв ден, четврток 17.07.2025… ПОАЃАЊЕ од Скопје вечер околу 22.30 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето). 

Возење преку граничниот премин Гевгелија кон Грција со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, петок 18.07.2025… ПРИСТИГНУВАЊЕ во Атина околу 10 часот претпладне и паркирање во непосредна близина на местото на настанот: ВОДЕН ПЛОШТАД (Platea Nerou) во Пиреа. Во непосредна близина на паркингот се наоѓа трамвајска станица поврзана со метро станица со која е лесно достапна секоја битна точка во Атина.

Слободно претпладне и попладне за индивидуални или групни шеми за прошетка до Плоштадт Синтагма, Акроплис, Ценатрот на Атина (улицата Ермоу), старата месност Плака, …

Вечер, следење на концертот на кој сигурно ќе има некои познати имиња како специјални гости (веќе најавена LOREEN), предгрупи, кои во моментов на составување на програмата сеуште не се најавени.

По завршување на концертот, собирање на групата на паркингот кај автобусот и заминување кон дома со ноќно возење.

Трет ден, сабота 19.07.2025 … Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ (со ограничен рок, зависно од состојбите со продажбата на билети кај официјалниот промотор)

САМО ПРЕВОЗ(без вклучен билет) = 8300 ден

ПРЕВОЗ(+)БИЛЕТ(GA, general admission) = 13.800 ден

*** МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ РАТИ СО МИНИМАЛЕН АВАНС ОД 40%, А ОСТАТОКОТ ДО АКТУЕЛНАТА ЦЕНА РАСПОРЕДЕН ПО СОПСТВЕН ИЗБОР ДО ПОАЃАЊЕТО!

ЗАБЕЛЕШКА.1.. САМО БИЛЕТ не сме во можност да продаваме, ниту пак да држиме залихи откако ќе се потрошат на официјалните продажни мрежи од организаторот на настанот.  (Или може, во зависност од условите кај официјалниот организатор на настанот)

ЗАБЕЛЕШКА.2: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.  

ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување за тие 1-2 дена кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 150-200 ден  

ЗАБЕЛЕШКА.4: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.

ЗА БИЛО КАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ РЕЗЕРВАЦИИ, … тел/вибер 078 473 181 или месинџер на нашата фб фан странаEurotours Stip

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:  
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот. 
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето. 
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа: 
– Ако откажувањето е најавено 20+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1. 
– Ако откажувањето е најавено 10-19 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 4-9 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-3 ден пред на настанот, се рефундира 0%