ПРОГРАМА
Прв ден, петок 08.05.2026… ПОАЃАЊЕ со туристички автобус или ВИП минибус (зависно од бројот на пријавени патници) од Скопје, вечер околу 23 часот. (Точното време и место ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето).
Возење преку граничниот премин Гевгелија кон Грција со повремени паузи по мотелите.
Втор ден, сабота 09.05.2026… ПРИСТИГНУВАЊЕ во Атина околу 10 часот претпладне и паркирање во непосредна близина на местото на настанот: ОЛИМПИСКИ КОМПЛЕКС..
Слободно претпладне и попладне за индивидуални или груни шеми за прошетка до Акроплис, Ценатрот на Атина (улицата Ермоу), старата месност Плака, или пристанишниот или плажниот дел од Пиреа,… сите достапни со директна метро линија со местото на настанот (факултативно).
Вечер, следење на концертот.
По завршување на концертот, собирање на групата на паркингот кај автобусот и заминување кон дома со ноќно возење.
Трет ден, недела 10.05.2026 … Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ САМО ПРЕВОЗ
(без вклучен билет) = 8200 ден (Цената важи за резервации до 31.03.2026, ПОТОА = 8900ден)
*** МОЖНОСТ ЗА ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ СО МИНИМАЛЕН АВАНС ОД 50% ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА, А ОСТАТОКОТ ДО АКТУЕЛНАТА ЦЕНА ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ 2026!
ЗАБЕЛЕШКА.2: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден
ЗАБЕЛЕШКА.4: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници. ВЕЌЕ Е ПОСТИГНАТО! РЕАЛИЗАЦИЈАТА Е СИГУРНА!!!
ЗА БИЛО КАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ РЕЗЕРВАЦИИ, … тел/вибер 078 473 181 или месинџер на нашата фб или инстаграм фан страна Eurotours Stip
ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 15-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 8-14 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-7 ден пред на настанот, се рефундира 0%