ERIC CLAPTON, Budapest 02.05.2026, MVM Arena

HOSTEL(**)

*****

ДОПОЛНИТЕЛНА ВАРИЈАНТА:

ПАКЕТ-АРАНЖМАН: превоз(+)хостел**(+)влезница по избор

По потрошувањето на предвидените места ПАКЕТ превоз(+)хотел(***)(+)влезница, а на појава на зголемен интерес од страна на нашите фанови, обезбедени се уште 10 места со поскромно сместување во хостел(**) во Центарот на Будимпешта + влезници по избор (во програмата)

ПРОГРАМА:

Прв ден, петок 01.05.2026 … ПОАЃАЊЕ од Скопје вечер околу 18 часот.

Можност за поаѓање и од Штип, Св.Николе и Куманово. (Точното време и место на поаѓање ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето. Обично од Скопје поаѓаме пред хотел Континентал, но тогаш ќе видиме каде, а времето за поаѓање ќе зависи од очекуваните гужви на граничните премини). 

Ноќно возење кон граничниот премин преку Србија кон Унгарија со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, 02.05.2026 … ПРИСТИГНУВАЊЕ во Будимпешта околу 9 часот претпладне и времето што преостанува до чекирањето во хотелот ќе го изкористиме за панорамски разглед на основните знаменитости на Будимпешта, со кратки задржувања кај Споменикот на Милениумот, Стар Будим и Центарот на градот (Ваци улица)

Во 14 ч доаѓање до хостелот и сместување. Хотелот(**) се наоѓа во строгиот центар на Будимпешта, околу 500 м до Ваци улица, и 4 метро станици, директна линија  до Арената  коде што ќе биде концертот на Ерик Клептон во вечерните часови.

Слободно попладне за секој по свој избор и поаѓање кон Арената кој кога сака или во организирана група околу 19ч.

По завршувањето на концертот се враќаме во хостелот (препорачливо пешки бидејќи ќе биде огромна гужва во метрото, а потоа може и заедничко дружење во некој од бројните пабови во близина на хостелот.

Ноќевање…

Трет ден, 03.05.2026 … Напуштање на хостелот најкасно до 10 ч претпладне.

Оставање на непотребниот багаж во автобусот и слободно до 13.30ч за дополнителни индивидуални активности во градот.

Поаѓање од договорено место (паркинг) во 14ч и заминување кон дома.

Околу 19ч пристигнуваме во Белград и правиме 2-часовна пауза на Кнез Михајлова.

Поаѓање од Белград во 21 ч

Ноќно возење

Четврти ден, 04.05.2026 Пристигнување во Скопје рано наутро, околу 3-4 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

ПРЕВОЗ(+)ХОСТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА-ТРИБИНА(сектор 313, поглед од височина под агол 30-40 степени) = 18.800 ден  … 6 МЕСТА (3 соби, состојба 02.04.2026)…

ПРЕВОЗ(+)ХОСТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА-ТРИБИНА(сектор 306, поглед од височина под прав агол) = 20.000 ден  ……………………… 2 МЕСТА (1 соба, состојба 02.04.2026)… ПОТРОШЕНО 02.04.2026

ПРЕВОЗ(+)ХОСТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА-ПАРТЕР СТОЕЊЕ = 21.800 ден2 МЕСТА (1 соба, состојба 02.04.2026)…

(Партерот е еднократен, нема посебен дел за фанпит)

МОЖНОСТ ЗА САМО ВЛЕЗНИЦА (без превоз и сместување):

Сектор 313 = 11.000 ден, .. Сектор 306 = 12.200 ден, (ПОТРОШЕНО 02.04.2026) .. Партер стоење = 14.000 ден

(во случај на САМО ВЛЕЗНИЦА, влезниците се добиваат ВЕДНАШ по уплатата)

**** ХОСТЕЛОТ(**) СЕ НАОЃА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА БУДИМПЕШТА, 500м ОД ВАЦИ УЛИЦАТА, СИТЕ СОБИ ДВОКРЕВЕТНИ ОПРЕМЕНИ СО СОПСТВЕНО КУПАТИЛО И ВЦ ..

НАПОМЕНА: За избор на пакет со влезница трибина, најдобро е во директен контак на тел/виб 078 473 181 или на месинџерот на нашата FB фан страна Eurotours Stip, со приложување на мапа со расположивите слободни места во дадениот момент

*** МОЖНОСТ ЗА БАРАЊЕ НА „СИНГЛ“ СОБА во хостелот, со благовремена најава и доплата од 1500 ден

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус по наведената програма и релација Скопје-Будимпешта-Скопје

… Едно ноќевање (без појадок) во хостел(**), (сите соби се двокреветни опремени со сопствено купатило и ВЦ) во строгит центар на Будимпешта. (На барање на заинтересираните праќаме линк од хостелот)

… Панорамскиот разглед на Будимпешта наведен погоре во програмата

… Туристичка такса за Будимпешта

… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на  лиценциран водич-придружник.

ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.  

ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден  

ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници. (МИНИМУМОТ Е ПОСТИГНАТ., РЕАЛИЗАЦИЈАТА Е СИГУРНА)

ЗА БИЛО КАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ РЕЗЕРВАЦИИ, … тел/вибер 078 473 181 или месинџер на нашата фб фан странаEurotours Stip  

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:  

1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот. 

2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето. 

3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа: 
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1. 
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 9-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-8 ден пред на настанот, се рефундира 0%.

ЗАБЕЛЕШКА: условите од точка.3 НЕ ВАЖАТ во случај на САМО ВЛЕЗНИЦА