МОНЦА – ГН Италија 2025,

04/08-IХ-2025

ПАКЕТ-АРАНЖМАН превоз(+)хотел(+)билет, ИЛИ само превоз(+)хотел

После пауза од 2018 наваму, за 2025, со време, додека сеуште можат да се најдат билети, подготвуваме соодветен аранжман со автобуски превоз од Скопје + вообичаени 2 ноќевања во околината на Автодромот Монца, (во Бергамо, макс 40 км автопат од патеката) + викенд билет ГА за петок, сабота и недела + трансфери од патеката до сместувањето и обратно,

ПО ИЗБОР, 2 варијанти:
ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ(**)(+)ТРАНСФЕРИ(+)БИЛЕТ(GA)
или  БЕЗ БИЛЕТ (за оние кои сами ќе си обезбедат билет по сопствен избор)

по УЛТРАПРОМОТИВНА ЦЕНА со ограничен рок (зависно од динамиката на трошењето на билетите ГА на официјалние продажни мрежи).  


(ЗАБЕЛЕШКА: само билети без аранжман не сме во можност да продаваме)


П Р О Г Р А М А


Прв ден, четврток, 04.09.2025 … Поаѓање од Скопје околу пладне (времето и местото ќе бидат одредени накнадно, во директен контакт). Ноќно возење преку Србија, Хрватска, Словенија кон Италија со повремени паузи по мотелите.


Втор ден, петок, 05.09.2025 … Пристигнување на патеката Автодром Монца во утринските часови (од 8 до 10 ч, зависно од гужвите на граничните премини) и следење на официјалните тренинзи и другите активности предвидени за тој ден.
Во доцните попладневни часови (обично во петок активностите траат до 18ч), трансфер и сместување во хотел(**) во некој од погоре наведените градови во секторот Милано-Бергамо. Собите се двокреветни и трикреветни, опремени со сопствено купатило и ВЦ
Попладневен одмор од патот.
Во вечерните часови, слободно време за индивидуален или заеднички излез по избор до одредени локации во градот …

Ноќевање


Трет ден, сабота, 06.09.2025 … Поаѓање од хотелот кон патеката во раните утрински
часови и следење на тренинзите, другите активности и квалификациите.

Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и враќање во хотелот.

Во вечерните часови, слободно време за индивидуален или заеднички излез по избор до одредени локации во градот и евентуално заедничко дружење во некој од бројните пабови, пивници или пицерии кои се традиционални собиралишта на Ф1 фанови од целиот свет.

Враќање во хотелот во касните вечерни часови. ..

Ноќевање.


Четврти ден, недела 07.09.2025 … Рано напуштање на хотелот (околу 6 ч) и упатување кон патеката заради избегнување на гужвите и фаќање добри позиции. По завршувањето на трката, прогласувањето и сл…, собирање на групата во автобусот и заминување кон Македонија.

Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија.


Петти ден, понеделник, 08.09.2025 … Пристигнување во Македонија во попладневните часови


ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ (важи за резервации од 14.10.2024 натаму, до евентуалната промената на условите … ИЛИ ДО 29.04.2025)

**(СО БИЛЕТ (џенерал адмишн (GA),стоење (или седење на тревата во соодветната зона),

ВИКЕНД-ПАКЕТ пет/саб/нед) =38.500 ден до 29.04.2025, потоа = 41.500

**(БЕЗ билет, т.е. со ваш билет) = 26.000 ден до 29.04.2025, потоа = 27.000

(Можност за аванс за резервација + х еднакви рати од моментот на авансирањето (минимум аванс 30%) па се до поаѓањето во јуни 2025. Со авансирањето, цената останува загарантирана како во моментот на авансирањето, без обзир на евентуалните промени до поаѓањето)

МОЖНОСТ ЗА:

БАРАЊЕ ЗА ПРЕСТОЈ САМ ВО СОБА (СИНГЛ) … доплата 4000 ден

БАРАЊЕ ЗА СЕДЕЊЕ САМ НА 2 СЕДИШТА ВО ПРЕВОЗОТ … доплата 3000 ден.


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус на
наведената релација Скопје-Монца-Скопје
… Трансферите на групата од автодромот до хотелот (околу 50 км автопат) и обратно во петокот, саботата и неделата.
… 2 ноќевања (без појадок) во горенаведениот наведениот хотел (хотелот е навремено резервиран и на барање на заинтересираните праќаме линк)
… Билет ГА-Стоење (тревната површина) за петок/саб/недела, за тие што ќе изберат варијанта со вклучен билет.
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
видич-придружник.


(Доколку имате некои нејаснотии во врска со аранжманот, слободно
консултирајте не преку инбокс на нашите фб-фан страни „Eurotours Stip“ или „Eurоtоurs Stip Avtomotosport“ или на тел/вибер 078 473 181)


ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување
кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу
100 денари од ден.
ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15
пријавени патници
. (ПОСТИГНАТО, Реализацијата е СИГУРНА, бројот е ОГРАНИЧЕН!!)

ЗАБЕЛЕШКА.4: САМО БИЛЕТ не сме во можност да продаваме, ниту да држиме залихи откако ќе се потрошат на официјалните продажни мрежи од организаторот на настанот. (Или може, во зависност од условите кај официјалниот организатор на настанот)

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:  
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот. 
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето. 
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа: 
– Ако откажувањето е најавено 20+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1. 
– Ако откажувањето е најавено 10-19 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 4-9 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-3 ден пред на настанот, се рефундира 0%.