Наш традиционален аранжман со автобуски превоз, 2 ноќевања во Будимпешта,
трансфери до патеката (25 км од сместувањето) во петокот, саботата и неделата и
комплетна туристичка шема во слободните попладневни и вечерни термини.
Сезоната 2022, 2023 и 2024 беше невидена навалица за билети за било која од трките, посебно
во Европа, и веќе стана вообичаена пракса, веднаш во понеделникот по одредена трка
да се пуштаат во продажба билети за соодветната трка за наредната сезона, и во
најголем број случаи (Силврестон, Монца, Зандворт, Спилберг…) билетите се
распродаваа во истиот тој понеделник.
За 2025 подготвуваме традиционален аранжман со вообичаени 2 ноќевања во Будимпешта, во хотел(**) во централното градско подрачје, во делот кон излезите за Хунгароринг (за избегнување на вообичаените гужви), на 3 трамвајски станици до строгиот центар (собите 2, 3 или 4 креветни во зависност од потребите на групата, сите опремени со купатило/ВЦ и сопствен фрижидер, ТВ, интернет, .. немаат клима уред, а има паркинг за автобусот непосредно до влезот на хотелот),
автобуски превоз Скопје-Будимпешта-Скопје
трансфери од хотелот до патеката и обратно во петокот, саботата и неделата
викенд влезница (зе петок-саботра-недела) GA (стоење или седење на тревнатата површина што го опфаќа целиот сектор од старто-целната рамнина се до шиканите)
туристичка шема по Будимпешта во вечерните часови во петокот (индивидуално) и во саботата (организирано) со панорамско разгледување со автобусот и можност за получасовно задржување кај Споменикот на Милениумот и на Старит Будим, со водич.
П Р О Г Р А М А
Прв ден, четврток, 31.07.2025 … Поаѓање од Скопје во касните попладневни часови
(времето и местото ќе бидат одредени накнадно, во директен контакт). Ноќно возење преку Србија со
повремени паузи по мотелите.
Втор ден, петок, 01.08.2025 … Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и
директно упатување кон патеката со цел следење на официјалните тренинзи Ф1 и другите
активности предвидени за тој ден (Порше супер куп, Ф2, Ф3, …)
Во доцните попладневни часови (обично во петок активностите траат до 18ч), трансфер и сместување во хотелот.
Попладневен одмор од патот.
Во вечерните часови, слободно време за индивидуален или заеднички излез по избор до центарот …
Ноќевање
Трет ден, сабота, 02.08.2025 … Поаѓање од хотелот кон патеката во раните утрински
часови (обично сабота поаѓаме во 7 ч) и следење на тренинзите, другите активности и квалификациите.
Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и враќање во хотелот.
Во вечерните часови организирана туристичка шема по Будимпешта со панорамско разгледување со автобусот (бесплатно) и можност за получасовно задржување кај Споменикот на Милениумот и на Старит Будим, со водич, а потоа по сопствен избор и евентуално заедничко дружење во некој од бројните пабови кои се традиционални собиралишта на Ф1 фанови од целиот свет.
Враќање во хотелот во касните вечерни часови.
Ноќевање.
Четврти ден, недела 03.08.2025 … Рано напуштање на хотелот (околу 6 ч) и упатување кон
патеката заради избегнување на гужвите и фаќање добри позиции. По завршувањето на
трката, прогласувањето и сл…, собирање на групата во автобусот и заминување кон
Македонија.
Ноќно возење преку Србија.
Петти ден, понеделник, 04.08.2025 … Пристигнување во Македонија во утринските
часови
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 33.500 ден … (ВАЖИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ од 15.01.2025 ДО 30.04.2025 ), ПОТОА = 36.000
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран високотуристички автобус (или ВИП минибус од 30 седишта ако е помала групата) на наведената релација Скопје-Будимпешта-Скопје
… Трансферите на групата од хотелот до патеката (околу 25 км) и обратно во петокот,
саботата и неделата.
… 2 ноќевања (без појадок) во погоре наведениот хотел (хотелот е веќе резервиран и на барање на заинтересираните праќаме линк)
… Билет ГА-Стоење (тревната површина) за петок/саб/недела
… Паноранскиот разглед во саботата навечер наведен погоре во програмата
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
видич-придружник.
(МОЖНОСТ ЗА РАТИ со аванс за резервација + х еднакви рати од моментот на авансирањето (минимум аванс 40%) па се до поаѓањето во јули 2025. Со авансирањето, цената останува загарантирана како во моментот на авансирањето, без обзир на евентуалните промени до поаѓањето)
МОЖНОСТИ ЗА:
— ПАКЕТ БЕЗ ВЛЕЗНИЦА = 17.000 ден до 30.04.2025, ПОТОА = 17.500
— САМО ПРЕВОЗ (Ск-Буд-Ск со вклучени трансфери до патеката и обратно)=11.000 ден до 30.04.2025, ПОТОА 11.500 ден
— НОВО!! — САМО ВЛЕЗНИЦА викенд трибина ПОДИУМ седење со точно одредено седиште (диртектно над подиумот на стартно-целната рамнина, кон крајот на колоната при стартот) = 35.900 ден од 11.04 натаму додека има или додека не се променат цените од страна на официјалните промотори) (Картите се добиваат на 7 дена пред трката)
— ПАКЕТ БЕЗ ПРЕВОЗ (т.е. со сопствен превоз) = 26.000 ден ПОТРОШЕНО
— САМО ВЛЕЗНИЦА викенд GA = 17.500 ден … ПОТРОШЕНО
— САМО ВЛЕЗНИЦА викенд трибина АПЕКС седење (последната кривина пред влезт во стартно-целната рамнина) = 26.500 ден … ПОТРОШЕНО
— САМО ВЛЕЗНИЦА викенд трибина ПИТ-ЕГЗИТ седење со точно одредено седиште (диртектно над излезот од пит-стоп зоната, непосредно пред првата кривина после стартот) = 35.300 ден до 10.04.2025, потоа 39.500 ден (Картите се добиваат на 7 дена пред трката) … ПОТРОШЕНО
БАРАЊЕ ЗА ПРЕСТОЈ САМ ВО СОБА (СИНГЛ) … доплата 2000 ден
БАРАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО СЛОБОДНО СЕДИШТЕ ВО ПРЕВОЗОТ (седење на 2 седишта) … доплата 3000 ден.
ЗАБЕЛЕШКА: СО БИЛЕТ ГA (џенерал адмишн) во петокот и саботата е дозволено да се седи на било која трибина (освен на Супер Голд)
(Доколку имате некои нејаснотии во врска со аранжманот, слободно
консултирајте не преку инбокс на нашите фб-фан страни „Eurotours Stip“ или „Eurоtоurs Stip Avtomotosport“ или на тел/вибер 078 473 181)
ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување
кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу
100 денари од ден.
ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15
пријавени патници. (ПОСТИГНАТО, Реализацијата е СИГУРНА, бројот е ОГРАНИЧЕН!!)
ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 20+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 10-19 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 4-9 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-3 ден пред на настанот, се рефундира 0%.