HUNGARORING 2026
23/27.07.2026 … Пакет ПРЕВОЗ + Хотел + ВИКЕНД ВЛЕЗНИЦА ГА
Наш традиционален аранжман со традиција од над 30 години, со автобуски превоз, 2 ноќевања во Будимпешта, трансфери до патеката (25 км од Будимпешта) во петокот, саботата и неделата, можност за индивидуална или групна туристичка шема во слободните вечерни термини и вклуена влезница GA Џенерал Адмишн (стоење на тревнатата зона околу стазата) за трите дена.
П Р О Г Р А М А
Прв ден, четврток, 23.07.2026 … Поаѓање од Скопје попладне околу 17 ч (точното време и местото ќе бидат одредени неколку дена пред поаѓањето, во директен контакт). Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.
Втор ден, петок, 24.07.2026 … Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и директно упатување кон патеката со цел следење на официјалните тренинзи и другите активности предвидени за тој ден.
Во предвечерните часови, откако ќе завршат сите активности на патеката за тој ден, трансфер до Будимпешта и сместување во хотел (**).
Во вечерните часови, заеднички излез до центарот на Будимпешта со јавен превоз (транвај и метро во непосредна близина на хотелот) и прошетка по култната Ваци улица и Кејот на Дунав. Враќање во хотелот во касните вечерни часови…
Ноќевање
Трет ден, сабота, 25.07.2026 … Поаѓање од хотелот кон патеката во раните утрински часови (во 7 ч) и следење на тренинзите, другите активности и квалификациите. Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и враќање во хотелот. По враќањето, организиран разглед на најбитните знаменитости со едночасовно задржување на локалитетите Стар Будим и Плоштадот на хероите и слободна прошетка во вечерните часови. Враќање во хотелот во касните вечерни часови. ..
Ноќевање.
Четврти ден, недела 26.07.2026 … Рано напуштање на хотелот (во 6.30 ч наутро) и упатување кон патеката заради избегнување на гужвите и фаќање добри позиции. По завршувањето на трката, прогласувањето и сл, собирање на групата во автобусот и заминување кон Македонија. Ноќно возење преку Србија.
Петти ден, понеделник, 27.07.2026 … Пристигнување во Македонија во утринските часови. (Точното време не може однапред да се предвиди, зависи од многу фактори …)
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 28.500 денари
УЛТРА-ПРОМОТИВНИТЕ ЦЕНИ се со ограничен рок (во склад со потрошувачката и цените на билетите GA-STANDING на официјалние продажни мрежи)
МОЖНОСТ ЗА РАТИ (Со уплатен аванс од 40% за аранжманот, а остатокот распореден до поаѓањето. Остатокот за доплата останува загарантиран до актуелната цена, без обзир на сите поскапувања во периодот што следи).
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус на наведената релација Скопје-Будимпешта-Скопје
… Трансферите на групата од хотелот до патеката (25 км) и обратно во петокот, саботата и неделата.
… 2 ноќевања (без појадок) во хотел(**) во Источниот дел на Будимпешта коj гравитира кон излезите за патеката. Во непосредна близина метро или транвајска станица, супермаркет, бензинска пумпа, фаст-фуд ресторанчиња и сл… Собите се со 2, 3 или 4 кревети во зависност од потребите на групата, сите опремени со сопствено купатило и ВЦ, фриждер, ТВ, (немаат клима). ЗАБЕЛЕШКА: Двокреветните соби сите се со споен дупли кревет, нема со раздоени кревети.
(На барање на заинтересираните праќаме линк од хотелот)
… Викенд влезница за петок, сабота и недела GA-STANDING
… Организираниот разглед во сабота вечер наведен во програмата.
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
придружник на групата.
МОЖНОСТИ ЗА:
… Пакет без влезница = 16.000 ден
… Пакет без превоз (т.е. со сопствен превоз) = 20.000 ден
… Пакет со влезница ТРИБИНА СЕДЕЊЕ … цената зависи од расположивите места на денот на резервирањето
… Само влезница … цената зависи од расположвите места на денот на резервирањето
ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден
ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.
(Доколку имате некои нејаснотии во врска со аранжманот, слободно консултирајте не преку месинџерот на нашата фб фан страна Eurotours Stip или тел/виб 078 473 181)
ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 20+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 10-19 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 4-9 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-3 ден пред на настанот, се рефундира 0%.
ЗАБЕЛЕШКА: условите од точка.3 НЕ ВАЖАТ во случај на пакет со влезница ТРИБИНА или за САМО ВЛЕЗНИЦА