W.A.S.P.

БЕЛГРАД, Хангар (Пристаниште Дунав), 07.12.2026

Еднодневен аранжман

ПРЕВОЗ + ВЛЕЗНИЦА

или САМО ПРЕВОЗ

ПРОГРАМА:

Поаѓање од СКОПЈЕ, понеделник 07.12.2026  ОКОЛУ 8 ч наутро (Времето и местото за поаѓање ќе биде договорено 3-4 дена ред поаѓањето во директен контакт. Обично во Скопје поаѓаме пред хотел Контиентал, но тогаш ќе видиме .. ).

Има можност за поаѓање и од Штип, Св.Николе, Куманово..

Возење преку граничниот премин Табановце кон Белград со 1-2 паузи по потреба.

ПРИСТИГНУВАЊЕ во Белград околу 15 ч и паркирање во непосредна близина на  местото на настанот, Големиот Хангар во „Лука Београд“. Слободни 3-4 часа секој по своја желба. (Има неколку директни автобусли линии до центарот на Белград, а и пешки не е далеку)

Следење на концертот кој кога сака од отварањето на вратите до крајот.

Собирање на групата на паркингот кај автобусот, 45 мин по завршувањето на концертот.

ПОАЃАЊЕ кон Скопје околу полноќ. Ноќно возење.

ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје вторник 08.12.2026 рано наутро околу 6-7 часот.

УЛТРАПРОМОТИВНА ЦЕНА со ограничен број и рок за резервации (Зависно од состојбата со влезниците на официјалните продажни мрежи)

.. Пакет: ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА(партер-стоење) …  7500 ден

.. САМО ПРЕВОЗ (без влезница) наведен во програмата …. 4500 ден

ЗАБЕЛЕШКА: Просторот во Хангарот е еднократен, САМО ПАРТЕР -СТОЕЊЕ, нема посебен дел за фанпит (така да кој како порано ќе влезе или ќе се истурка за понапред…) … и нема трибини за седење.

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО 2 РАТИ (октомври и ноември 2026)

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или минибус на наведената  релација

… Влезница (важи за пакетот превоз(+)влезница)

… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на  лиценциран

водич-придружник.

ЗАБЕЛЕШКА.1: За реализација аранжманот потребен е минимум од 13 пријавени патници. (Во случај на помал број пријавени патници, организаторот си зема за право да ја корегира цената или да го откаже аранжманот на 5 дена пред настанот) .. ПС: Минимумот е остварен

ЗАБЕЛЕШКА.2.. За дополнителни информации и резервации можете да не контактирате на тел/виб  078 473 181 или реку месинџерот на нашата ФБ фан страна Eurotours Stip

ЗАБЕЛЕШКА.3: За патувањето е доволна само лична карта, не е задолжително поседување на пасош.

ЗАБЕЛЕШКА.3: Не е задолжително, препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување за тој еден ден кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 100 ден

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 10-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-9 ден пред на настанот, се рефундира 0%