МОНЦА – ГН Италија 2026

02/07 -IХ-2026

MONZA 2026

02/07.09.2026 … Пакет ПРЕВОЗ + Хостел(3) + ВИКЕНД ВЛЕЗНИЦА ГА


Наш традиционален аранжман со долгогодишна традиција, со автобуски превоз, 3 ноќевања во хостел (***) во Милано, трансфери до патеката во Монца (20 км од хостелот) во петокот, саботата и неделата, можност за индивидуална или групна туристички шеми во слободните вечерни термини и вклуена влезница GA Џенерал Адмишн (стоење на тревнатата зона околу стазата) за трите дена.

П Р О Г Р А М А

Прв ден, среда, 02.09.2026 … Поаѓање од Скопје попладне околу 17 ч  (точното време и местото ќе бидат одредени неколку дена пред поаѓањето, во директен контакт). Ноќно возење преку Србија, Хрватска, Словенија со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, четврток, 03.09.2026 … Пристигнување во Милано околу 13 ч. Сместување во хостелот околу 14ч, Слободно попладне и вечер за индивидуални и групни шеми по Милано (хостелот е во непосредна близина на метро станица поврзана со секоја битна точка во градот). Ноќевање..

Трет ден, петок, 04.09.2025 … Будење во раните утрински часови и директно упатување кон патеката во Монца со цел следење на официјалните тренинзи и другите активности предвидени за тој ден. 

Во предвечерните часови, откако ќе завршат сите активности на патеката за тој ден,  враќање во Милано. Слободна вечер за слободни активности. Ноќевање.

Четврти ден, сабота, 05.09.2026 … Поаѓање од хостелот кон Монца во раните утрински часови (во 7 ч) и следење на тренинзите, другите активности и квалификациите. Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и враќање во хостелот. По враќањето, слободна вечер за слободни активности во организирана група или индивидуално, кој како сака … Ноќевање.

Петти ден, недела 06.09.2026 … Рано напуштање на хостелот (во 6.30 ч наутро) и упатување кон патеката во Монца заради избегнување на гужвите и фаќање добри позиции. По завршувањето на трката, прогласувањето и сл, собирање на групата во автобусот и заминување кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија…

Шести ден, понеделник, 07.09.2026 … Пристигнување во Македонија во попладневните часови. (Точното време не може однапред да се предвиди, зависи од многу фактори …)

УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА  АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ:  

= 41.000 денари (за сместување во двокреветна соба)

= 39.000 денари (за сместување во трикреветна соба)

= 38.000 денари (за сместување во 4-креветна соба)

= 47.000 за сместување сам во соба

УЛТРА-ПРОМОТИВНИТЕ ЦЕНИ се со ограничен рок (во склад со потрошувачката и цените на билетите GA-STANDING на официјалние продажни мрежи)

МОЖНОСТ ЗА РАТИ (Со уплатен аванс од  30% за аранжманот, а остатокот распореден до јули 2026. Остатокот за доплата останува загарантиран до актуелната цена, без обзир на сите евентуални поскапувања во периодот што следи).

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:  

… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус на наведената  релација Скопје- Милано (Монца) -Скопје

… Трансферите од хостелот во Милано до патеката во Монца (20 км) и обратно во петокот, саботата и неделата.

… 3 ноќевања (без појадок) во хостел(***) во североисточниот дел на Милано коj гравитира кон излезите за Монца. Во непосредна близина има метро станица,  супермаркет, бензинска пумпа, фаст-фуд ресторанчиња и сл… Собите се со 2, 3 или 4  кревети во зависност од потребите на групата, сите опремени со сопствено купатило и ВЦ, …

(На барање на заинтересираните праќаме линк од хостелот)

… Викенд влезница за петок, сабота и недела  GA-STANDING

… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на  лиценциран

придружник на групата.

МОЖНОСТИ ЗА:

… Пакет без влезница … соодветните цени минус 16.000 ден

… Пакет со влезница ТРИБИНА СЕДЕЊЕ … цената зависи од расположивите места на денот на резервирањето

… НОВО: Само влезница: GA (стоење, тродневна) = 18.500 ден, .. PARABOLICA (трибина седење, тродневна) = 28.000

(Цените на САМО ВЛЕЗНИЦА можат да бидат променливи на дневна основам зависно од состојбите со продажбата на официјалните продажни мрежи)

ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.

ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден  

ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.

(Доколку имате некои нејаснотии во врска со аранжманот, слободно консултирајте не преку месинџерот на нашата фб фан страна Eurotours Stip  или тел/виб 078 473 181)

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:  
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот. 
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето. 
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа: 
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1. 
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 9-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-8 ден пред на настанот, се рефундира 0%.

ЗАБЕЛЕШКА: условите од точка.3 НЕ ВАЖАТ во случај на пакет со влезница ТРИБИНА.