HUNGARORING 2027

22/26.07.2027

Наш традиционален аранжман со традиција од над 30 години, со автобуски превоз, 2 ноќевања во близина на Хунгароринг, трансфери до патеката (45 км) во петокот, саботата и неделата со можност за индивидуална или групна туристичка шема во слободните вечерни термини и вклуена влезница GA Џенерал Адмишн (стоење на тревнатата зона околу стазата) или Трибина седење (избор на повеќе можности) за трите дена.

П Р О Г Р А М А

Прв ден, четврток, 22.07.2027 … Поаѓање од Скопје попладне околу 17 ч  (точното време и местото ќе бидат одредени неколку дена пред поаѓањето, во директен контакт). Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

Втор ден, петок, 23.07.2027 … Пристигнување на Хунгароринг, паркирање на закажан паркинг (под сенка, 500м до главната капија) во утринските часови и директно упатување кон патеката со цел следење на официјалните тренинзи и другите активности предвидени за тој ден. 

Во предвечерните часови, откако ќе завршат сите активности на патеката за тој ден,  трансфер до сместувањето во хотел (***) кој се наоѓа на познатото излетничко место на Дунавскиот остров Сентендре, надвор од Будимпешта и од вообичаените гужви при излез од Хунгароринг.

Во вечерните часови, заеднички излез и запознавање со околината на  самиот брег на Дунав исполнето со многу туристички и угостителски атракции. Враќање во хотелот во вечерните часови…

Ноќевање

Трет ден, сабота, 24.07.2027 … Поаѓање од хотелот кон патеката во раните утрински часови (во 7 ч) и следење на тренинзите, другите активности и квалификациите. Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и враќање во хотелот. При враќањето, организирана панорамска  разгледница на најбитните знаменитости на Будимпешта  со едночасовно задржување  на локалитетите Стар Будим и Плоштадот на хероите. Враќање во хотелот во вечерните часови. Слободна вечер.

Ноќевање.

Четврти ден, недела 25.07.2027 … Рано напуштање на хотелот (во 6.30 ч наутро) и упатување кон патеката заради избегнување на гужвите и фаќање добри позиции. По завршувањето на трката, прогласувањето и сл, … собирање на групата на паркингот кај автобусот и заминување кон Македонија. Ноќно возење преку Србија.

Петти ден, понеделник, 26.07.2027 … Пристигнување во Македонија во утринските часови

УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА  АРАНЖМАНОТ СО ВКЛУЧЕНА

ВИКЕНД ВЛЕЗНИЦА GA (џенерал адмишн, стоење)

= 30.000 денари по лице при сместување во 3 или 4 креветна соба

= 31.500 денари по лице при сместување во 2-креветна соба

= 37.500 денари по лице при сместување сам во соба

УЛТРА-ПРОМОТИВНИТЕ ЦЕНИ се со ограничен (многу краток) рок (во склад со потрошувачката и цените на билетите на официјалние F1 продажни мржи) … КАРТИТЕ на официјалните продажни мрежи се излезени пред неколку дена, а на денот на објавувањето на нашата програма, 07.08.2026, веќе 80% се распродадени!!!

МОЖНОСТ ЗА РАТИ (Со уплатен аванс од  30% за аранжманот, а остатокот распореден до јуни 2027. Остатокот за доплата останува загарантиран до актуелната цена при резервирањето, без обзир на сите евентуални поскапувања во периодот што следи).

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:  

Автобуски превоз со лиценциран туристички минибус (максимален капацитет 28 седишта) на наведената  релација Скопје-Хунгароринг-Скопје (ЗАБЕЛЕШКА: голем автобус не е препорачливо за гужвите на Хунгароринг и просто не е можно да се најде близок паркинг за него)

Трансферите на групата од хотелот до патеката (45 км) и обратно во петокот, саботата и неделата.

2 ноќевања (без појадок) во хотел(***) во излетничкото место „Остров Сентенедре“ северно од Будимпешта коj гравитира кон задните излези за патеката. Во непосредна близина има повеќе супермаркети, фаст-фуд ресторанчиња и многу места за рекреација и забава… Собите се со 2, 3 или 4  кревети во зависност од потребите на групата, сите опремени со сопствено купатило и ВЦ, фриждер, ТВ, ..

(На барање на заинтересираните  праќаме линк од хотелот)

Викенд влезница за петок, сабота и недела  GA-STANDING

Организираниот разглед на Будимпешта во сабота вечер наведен во програмата.

Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на  лиценциран

придружник на групата.  

МОЖНОСТИ ЗА:

ПАКЕТ со викенд влезница ТРИБИНА СЕДЕЊЕ (со соодветна доплата над основниот програм со GA

.. Трибина Chicane (избор бр.1, 2 или 4) …. доплата 85 евра

.. Трибина FAN (на правецот после шиканите) … доплата 130 евра

.. Трибина Grid ……………….. доплата 330 евра

.. Трибина Т-1 (пред првата кривина после стартот) … доплата 390 евра

ПАКЕТ со викенд влезница ЈУНИОР за деца под 14 години на денот на трката, за сите пакети, било GA, било трибина, задолжително во придружба со родител, по многу пониски цени од возрасните, зависно од местото. (Инфо за пасположиви места и цени во директен контакт)

СИТЕ КАРТИ ТРИБИНА се со точно одредено место (сектор, ред, број)

ЗАБЕЛЕШКА: Во случај на потреба од пакет со карта трибина, побарајте да ви доставиме на увид мапа од патеката.

… САМО ВЛЕЗНИЦА … цената зависи од расположвите места на денот на резервирањето (Инфо во директен контакт)

ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.

ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден  

ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.

(Доколку имате некои нејаснотии во врска со набавка на влезницата, слободно консултирајте не преку месинџерот на нашата фб фан страна Eurotours Stip  или тел/виб 078 473 181)

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:  
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот. 
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето. 
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа: 
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1. 
– Ако откажувањето е најавено 15-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 8-14 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-7 ден пред на настанот, се рефундира 0%.

(ЗАБЕЛЕШКА: Условите од точка 3 не важат за „само влезница“ и за пакетите ЈУНИОР)