*********** 

Hills of Rock Festival, PLOVDIV,

23/24/25-VII-2027    

ЗА ФЕСТИВАЛОТ:

Традиционалниот рок/метал фестивал веќе 12 години, секое лето се организира под име Hills of Rock во Пловдив, Р.Бугарија во рекреативаната парк покрај т.н. Веслачки канал, во непосредна близина на градот…  

За годинава 2027 истиот фестивал ќе биде на 23, 24 и 25 јули и по тој повод ќе организираме пакет аранжман со автобуски превоз од Скопје и покриеност на сите 3 фестивалски вечери, со можност за обезбедено сместување во хостел во строгиот центар на Стариот град на Пловдив и влезници за фестивалот. Во моментот на објавувањето на нашата програма познати се некои од главните гости на фестивалот: Slash ft. Myles Kennedy and The Conspirators (25.07), Skillet (23.07), Make Them Suffer (24.07), Left to Suffer (25.07), Die Krupps (25.07), Atreyu (24.07) … а во догледно време се очекува да бидат најавени уште познати светски имиња од рок и хевиметал.

УЛТРАПРОМОТИВНИ ЦЕНИ и НА РАТИ од „сега“ до јуни 2027

ОРГАНИЗИРАН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Поаѓање од Скопје (пред хотел Континернтал) на 23.07.2027 во 04.00 ч наутро (можност за поаѓање и од Штип и Куманово доколку има интерес)

Пристигнување во Пловдив – Центар во 11 ч претпладне

На 25.07.2027 (последниот ден) можност за собирање на багажот на договорено место во Центарот на Пловдив во 12ч

Поаѓање од Пловдив на  договорено место близу влезот на фестивалот на 25.07.2027 во 24.00

Пристигнување во Скопје на 26.07.2027 во 08.00 ч наутро.

УЛТРАПРОМОТИВНА ЦЕНА СО ВАЖНОСТ ДО ЕВЕНТУАЛНИ ПРОМЕНИ:

Во двете насоки = 5000 ден

Во една насока: НАТАМУ = 3500 .., … НАВАМУ = 4000 ден

БРОЈОТ НА МЕСТАТА Е СТРОГО ОГРАНИЧЕН.

СМЕСТУВАЊЕ:

Најдобро секој да се снајде сам бидејќи Пловдив не располага со доволно ефтини капацитети кадешто може да се сместуваат групи, поготово во периодот на фестивалот кога е огромна гужва, а и цените за тој период драстично се зголемуваат, а за поединечно полесно се наоѓа, поготово ако е навреме.  Исто така за љубителите на кампирањето, во склоп на фестивалот се наоѓа и добро организиран и ефтин кампинг, но и тој е со ограничен капацитет, така што е потребно навремено да се резервира. Кампингот може да се резервира на истиот сајт каде што и продажбата на влезниците.

ПРЕДЛОГ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО НАША ОРГАНИЗАЦИЈА:  

А.. ХОСТЕЛ(*) во строгиот центар на Пловдив (Стариот град), 3 км од Фестивалот, има јавен превоз, а навечер кога е гужва може и пешки, пола саат… соби (дормитори) 4-6 креветни, заеднички ВЦ и купатила на спрат, заедничка кујна, трпезерија, салон, голема заедничка тераса со прекрасен поглед над Стариот град .. ДВЕ НОЌЕВАЊА 23-25 јули … УЛТРАПРОМОТИВНА ЦЕНА СО ВАЖНОСТ ДО ЕВЕНТУАЛНИ ПРОМЕНИ = 5500 ден (по лице) (Важи само за корисниците на нашиот организиран превоз)

ВЛЕЗНИЦИ:

Постојат еднодневни и тродневни влезници кои во моментов се по ултрапромотивна цена и која обично се зголемува на периоди од излегувањето па натаму со наближувањето на фестивалот, или едноставно брзо ќе се потрошат. Најдобро е секој сам да си извади онлајн од официјаниот продажен сајт… Може и преку нас: ТРИДНЕВНА ВЛЕЗНИЦА ПО УЛТРАПРОМОТИВНА ЦЕНА = 11.500 ден СО ВАЖНОСТ ДО ЕВЕНТУАЛНИ ПРОМЕНИ (Важи само за корисниците на нашиот организиран превоз)

РАТИ:

СЕ` ШТО Е НАВЕДЕНО ВО ПРОГРАМАТА МОЖЕ ДА ПЛАТИ НА РАТИ со аванс од 30%, а остатокот распореден до јуни 2027 по актуелни цени од моментот на уплатата.  

ПРИМЕР: … Ултрапромотивно ПАКЕТ: (превоз) 5000 + (сместување во хостел) 5500 + (тридневна влезница) 11.500 = 22.000ден.

НА РАТИ … аванс 30% = 6500ден + 15.500 ден распоредени до јуни 2027

ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.

ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден  

ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.

(Доколку имате некои нејаснотии во врска со набавка на влезницата, слободно консултирајте не преку месинџерот на нашата фб фан страна Eurotours Stip  или тел/виб 078 473 181)

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:  

1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши  веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот. 

2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето. 

3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа: 
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1. 
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 9-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-8 ден пред на настанот, се рефундира 0%.

ЗАБЕЛЕШКА: условите од точка.3 НЕ ВАЖАТ во случај на САМО ВЛЕЗНИЦА