МОНЦА – ГН Италија 2026
02/07 -IХ-2026
MONZA 2026
02/07.09.2026 … Пакет ПРЕВОЗ + Хотел(3) + ВИКЕНД ВЛЕЗНИЦА ГА …. (14 слободни места, состојба 25.02.2026)
+ МОЖНОСТ за САМО ВЛЕЗНИЦИ GA (џенерал адмишн, стоење), викенд петок/сабота/недела (сопствен превоз, сопствено сместување) … има:
1 карта х 360€
2 карти х 330€ = 660€
3 карти х 320€ = 960€
4 карти х 310€ = 1240€
МОЖНОСТ ЗА ПОВЕЌЕ РАТИ СО
МИНИМУМ АВАНС 40% И ИСПОРАКА
ПОСЛЕ ПОСЛЕДНАТА РАТА.
СТРОГО ОГРАНИЧЕНА КВОТА
Наш традиционален аранжман со долгогодишна традиција, со автобуски превоз, 3 ноќевања во хостел (***) во Бергамо (40км автопат од патеката), трансфери до патеката во Монца и обратно во петокот, саботата и неделата, можност за индивидуална или групна туристички шеми во слободните вечерни термини и вклучена влезница GA Џенерал Адмишн (стоење на тревнатата зона околу стазата) за трите дена.
П Р О Г Р А М А
Прв ден, среда, 02.09.2026 … Поаѓање од Скопје попладне околу 17 ч (точното време и местото ќе бидат одредени неколку дена пред поаѓањето, во директен контакт). Ноќно возење преку Србија, Хрватска, Словенија со повремени паузи по мотелите.
Втор ден, четврток, 03.09.2026 … Пристигнување во Бергамо (45 км пред Моинца) околу 13 ч. Сместување во хотелот околу 14ч, Слободно попладне и вечер за индивидуални и групни шеми по Бергамо (или ако некој сака и до Милано), (хотелот е во непосредна близина на автобуска станица поврзана со секоја битна точка во градот и на секој пола саат автобуси до Милано). Ноќевање..
Трет ден, петок, 04.09.2025 … Будење во раните утрински часови и директно упатување кон патеката во Монца со цел следење на официјалните тренинзи и другите активности предвидени за тој ден.
Во предвечерните часови, откако ќе завршат сите активности на патеката за тој ден, враќање во Бергамо. Слободна вечер за слободни активности. Ноќевање.
Четврти ден, сабота, 05.09.2026 … Поаѓање од хотелот кон Монца во раните утрински часови (во 7 ч) и следење на тренинзите, другите активности и квалификациите. Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и враќање во хотелот во Бергамо. По враќањето, слободна вечер за слободни активности во организирана група или индивидуално, кој како сака … Ноќевање.
Петти ден, недела 06.09.2026 … Рано напуштање на хотелот (во 6.30 ч наутро) и упатување кон патеката во Монца заради избегнување на гужвите и фаќање добри позиции. По завршувањето на трката, прогласувањето и сл, собирање на групата во автобусот и заминување кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија…
Шести ден, понеделник, 07.09.2026 … Пристигнување во Македонија во попладневните часови
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ:
= 42.000 денари
УЛТРА-ПРОМОТИВНИТЕ ЦЕНИ се со ограничен рок (во склад со потрошувачката и цените на билетите GA-STANDING на официјалние продажни мрежи)
МОЖНОСТ ЗА РАТИ (Со уплатен аванс од 30% за аранжманот, а остатокот распореден до јули 2026. Остатокот за доплата останува загарантиран до актуелната цена, без обзир на сите евентуални поскапувања во периодот што следи).
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус на наведената релација Скопје-Монца-Скопје
… Трансферите од хостелот во Бергамо до патеката во Монца (40 км) и обратно во петокот, саботата и неделата.
… 3 ноќевања (без појадок) во семеен хотел(***) во Бергамо, во непосредна близина на меѓународниот аеродром на Милано. Во близина има автобуска станица, супермаркет, Лидл , мол, фаст-фуд ресторанчиња, пицерии, пабови и сл… Собите се со 2 или 3 кревети или двособни апартмани со 5 кревети + кујна, во зависност од потребите на групата, сите опремени со сопствено купатило и ВЦ, … (ИСТИОТ хотел го користевме за турата Монца 2025)
(На барање на заинтересираните праќаме линк од хотелот)
… Викенд влезница за петок, сабота и недела GA-STANDING
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
придружник на групата.
МОЖНОСТИ ЗА:
… Пакет без влезница … 26.000 ден
… Само влезница, викенд GA (без превоз и сместување) …
1 карта х 350€
2 карти х 320€ = 640€
3 карти х 310€ = 930€
4 карти х 300€ = 1200€
… Пакет со влезница ТРИБИНА СЕДЕЊЕ … има, ама многу скапо! Најефтиниот пакет во моментов (декември 2025) излегува над 1300 евра и цената зависи од денот на резервирањето.
ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден
ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.
(Доколку имате некои нејаснотии во врска со аранжманот, слободно консултирајте не преку месинџерот на нашата фб фан страна Eurotours Stip или тел/виб 078 473 181)
ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 9-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-8 ден пред на настанот, се рефундира 0%.
ЗАБЕЛЕШКА: условите од точка.3 НЕ ВАЖАТ во случај на пакет со влезница ТРИБИНА.