ERIC CLAPTON
BUDAPEST, 02.05.2026 MVM Budapest Arena
ПАКЕТ-АРАНЖМАН: превоз(+)хотел(+)влезница по избор
ПРОГРАМА:
Прв ден, петок 01.05.2026… ПОАЃАЊЕ од Скопје вечер околу 18 часот.
Можност за поаѓање и од Штип, Св.Николе и Куманово. (Точното време и место на поаѓање ќе бидат договорени во директен контакт 2-3 дена пред поаѓањето. Обично од Скопје поаѓаме пред хотел Континентал, но тогаш ќе видиме каде, а времето за поаѓање ќе зависи од очекуваните гужви на граничните премини).
Ноќно возење кон граничниот премин преку Србија кон Унгарија со повремени паузи по мотелите.
Втор ден, 02.05.2025… ПРИСТИГНУВАЊЕ во Будимпешта околу 9 часот претпладне и времето што преостанува до чекирањето во хотелот ќе го изкористиме за панорамски разглед на основните знаменитости на Будимпешта, со кратки задржувања кај Споменикот на Милениумот и Стар Будим.
Во 14 ч доаѓање до хотелот и сместување. Хотелот(***) се наоѓа во строгиот центар на Будимпешта,околу 1 км до Ваци улица, а отприлика толку (2 метро станици) до Арената коде што ќе биде концертот на Ерик Клептон во вечерните часови.
Слободно попладне за секој по свој избор и поаѓање кон Арената кој кога сака или во организирана група околу 19ч. По завршувањето на концертот се враќање во хотелот (препорачливо пешки бидејќи ќе биде огромна гужва во метрото, а потоа може и заедничко дружење во некој од бројните пабови попатно или во близина на хотелот.
Ноќевање…
Трет ден, 03.05.2026 … Напуштање на хотелот најкасно до 11 ч претпладне.
Оставање на непотребниот багаж во автобусот или на рецепцијата во хотелот и слободно до 13.30ч за дополнителни индивидуални активности во градот.
Поаѓање од пред хотелот во 14ч и заминување кон дома.
Околу 19ч пристигнуваме во Белград и правиме 2-часовна пауза на Кнез Михајлова.
Поаѓање од Белград во 21 ч
Ноќно возење
Четврти ден, 04.05.2026 Пристигнување во Скопје рано наутро, околу 3-4 часот.
УЛТРА-ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ (со ограничен рок и број, зависно од ссостојбата со продажбата на влезниците кај главниот организатор).
ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА-ТРИБИНА(портокалов сектор) = 20.000 ден
ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА-ПАРТЕР СТОЕЊЕ = 22.000 ден
(Партерот е еднократен, нема посебен дел за фанпит)
ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА-ТРИБИНА(зелен сектор) = 21.500 ден
ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА-ТРИБИНА(син сектор) = 23.500 ден
ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ(+)ВЛЕЗНИЦА-ТРИБИНА(жолт сектор) = 24.500 ден … ПОТРОШЕНО
МОЖНОСТ ЗА САМО ПРЕВОЗ(+)ХОТЕЛ (БЕЗ ВЛЕЗНИЦА) = 10.800 ден
МОЖНОСТ ЗА САМО ВЛЕЗНИЦА (без превоз и хотел) = ЦЕНАТА НА СООДВЕТНИОТ ПАКЕТ минус 10.000 ден
НАПОМЕНА: За избор на пакет со влезница трибина, најдобро е во директен контак на тел/виб 078 473 181 или на месинџерот на нашата FB фан страна Eurotours Stip, со приложување на мапа со расположивите слободни места во дадениот момент
*** МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ РАТИ СО МИНИМАЛЕН АВАНС ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈАТА, А ОСТАТОКОТ ДО АКТУЕЛНАТА ЦЕНА РАСПОРЕДЕН ПО СОПСТВЕН ИЗБОР ДО 10 АПРИЛ 2026.
*** МОЖНОСТ ЗА БАРАЊЕ НА „СИНГЛ“ СОБА со благовремена најава и доплата од 2000 ден
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус (зависно од бројот на пријавените кандидати) на наведената релација Скопје-Будимпешта-Скопје
… Едно ноќевање (без појадок) во хотел(***), (сите соби се двокреветни опремени со сопствено купатило и ВЦ) во строгит центар на Будимпешта. (Можност за појадок во хотелот со благовремена пријава и доплата од 10 евра на рецепцијата).
… Панорамскиот разглед на Будимпешта наведен погоре во програмата
… Туристичка такса за Будимпешта.
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран водич-придружник.
ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 200 ден
ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.
ЗА БИЛО КАКВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ РЕЗЕРВАЦИИ, … тел/вибер 078 473 181 или месинџер на нашата фб фан странаEurotours Stip
ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 9-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-8 ден пред на настанот, се рефундира 0%.
ЗАБЕЛЕШКА: условите од точка.3 НЕ ВАЖАТ во случај на САМО ВЛЕЗНИЦА