Еднодневен аранжман

Стадион „Васил Левски“ – Софија, 26.05.2026

Предгрупа ANTHRAX

САМО ПРЕВОЗ или ПРЕВОЗ + ВЛЕЗНИЦА  

   

ПРОГРАМА:

Поаѓање од СКОПЈЕ, 26.05.2026 во 7 ч наутро (Времето на поаќање е порано од вообичаеното од неколку причини:

Ќе има многу гужва на граничниот премин  и на влезовите во Софија, а целта ни е да стигнеме и да фатиме паркинг во близина на стадионот што е можно порано пред отварањето на вратите (што обично е во 16 часот)

Просторот ПАРТЕР-СТОЕЊЕ е еднократен т.е. нема посебно фан пит, посебно обичен партер, така што за очекување е неколку часа пред отварањето на вратите илјадници фанови веќе да формираат редица и да чекаат да се отворат и меѓу првите да трчаат да фатат што е можно поблиска локација до бината …

ЗАТОА, апелираме до верните фанови од Битола, Охрид, Струга, Кичево, Гевгелија, Валандово, … да си планираат начин за навремено пристигнување во Скопје) …

Местото за поаѓање ќе биде договорено 2-3 дена ред поаѓањето во директен контакт. (Обично поаѓаме пред хотел Контиентал, но тогаш ќе видиме .. ).

Има можност за поаѓање и од Штип, Св.Николе, Куманово..

Возење преку граничниот премин Кр.Паланка кон Софија со 1-2 паузи по потреба.

ПРИСТИГНУВАЊЕ во Софија околу 13 ч и паркирање близу до местото на настанот, Градскиот стадион „Васил Левски“ во строгиот центар на Софија. Слободни 3-4 часа секој по своја желба.

Следење на концертот кој кога сака од отварањето на вратите до крајот. (Предгрупа ANTHRAX)

Собирање на групата на паркингот кај автобусот, 45 мин по завршувањето на концертот.

ПОАЃАЊЕ кон Скопје околу полноќ. Ноќно возење.

ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје 27.05.2026 рано наутро околу 5 до 7 часот. (Точното време не може однапред да се предвиди, зависи од многу фактори …)

УЛТРАПРОМОТИВНА ЦЕНА со ограничен рок за резервации додека има билети во официјална продажба од официјалниот промотор, или до потрошувањето на местата:

.. САМО ПРЕВОЗ (без влезница) наведен во програмата …. 3000 ден

.. ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА(партер-стоење) …  10.200 ден

(ЗАБЕЛЕШКА: Партерот стоење е еднократен, т.е. нема посебен дел за фанпит, така што кој како порано ќе влее или ќе се истурка ….)

.. ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА(трибина седење со точно одредено и нумерирано место) = од 9600  до 14.400 ден, зависно од изборот на местото од тоа што има во моменот на резервацијата. Пакетите со влезница трибина седење ги договараме во дректен контакт на тел/виб или месинџер со приложување на мапа со слободните места.

МОЖНОСТ ЗА РАТИ ОД „СЕГА ДО ТОГАШ“ со уплата на минимум 30% од актуелната цена, а остатокот рапореден до април 2026. Со авансирањето на актуелната цена во даден момент, таа цена останува за доплата до крајот, без обзир на евентуалните поскапувања во меѓувреме.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус на наведената  релација

… Влезница (важи за пакетот превоз(+)влезница)

… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на  лиценциран

водич-придружник.

ЗАБЕЛЕШКА.1.. За дополнителни информации и резервации можете да не контактирате на тел/виб  078 473 181 или реку месинџерот на нашата ФБ фан страна Eurotours Stip

ЗАБЕЛЕШКА.2: За аранжманот е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.  

ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување за тој еден ден кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 100 ден  

ЗАБЕЛЕШКА.4: За реализација аранжманот потребен е минимум од 15 пријавени патници. (Веќе има …)

ЗАБЕЛЕШКА.5 .. Бројот на местата е ограночен!!

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:  
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот. 
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради  мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето. 
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа: 
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1. 
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 10-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-9 ден пред на настанот, се рефундира 0%  

ЗАБЕЛЕШКА: За пакетите со влезница ТРИБИНА од поскапите варијанти НЕ ВАЖАТ условите од точка.3