SKILLET
Beograd, 16.05.2026, Hangar Luka Beograd
Еднодневен аранжман
САМО ПРЕВОЗ или ПРЕВОЗ + ВЛЕЗНИЦА
ПРОГРАМА:
Поаѓање од СКОПЈЕ, сабота 16.05.2026 околу 9 ч наутро (точното време и локацијата за поаѓање ќе биде договорено 2-3 дена ред поаѓање во директен контакт. Обично поаѓаме пред хотел Контиентал, но тогаш ќе видиме). Можност за поаѓање и од Штип, Св.Николе и Куманово.
Возење преку граничниот премин кон Белград со 1-2 паузи по потреба.
ПРИСТИГНУВАЊЕ во Белград околу 15 ч и паркирање близу до местото на настанот, „ХАНГАР Лука Београд“ во квартот Дорѓол покрај Дунав, на 15 мин пешки до строгиот центар на Белград. Слободни 3-4 часа секој по своја желба.
Следење на концертот кој кога сака од отварањето на вратите до крајот.
Собирање на групата на паркингот кај автобусот, 30 мин по завршувањето на концертот.
ПОАЃАЊЕ кон Скопје околу полноќ. Ноќно возење.
ПРИСТИГНУВАЊЕ во Скопје недела 17.05.2026 рано наутро.
УЛТРАПРОМОТИВНИ ЦЕНИ:
.. САМО ПРЕВОЗ наведен во програмата (без влезница)…. 4000 ден ..
.. ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА (основна варијанта ПАРТЕР СТОЕЊЕ) = 7000 ден ..
.. ПРЕВОЗ(+)ВЛЕЗНИЦА (варијанта ФАНПИТ СТОЕЊЕ) = 8000 ден ..
МОЖНОСТ ЗА х ЕДНАКВИ РАТИ ОД МОМЕНТОТ НА РЕЗЕРВИРАЊЕТО ДО АПРИЛ 2026
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус на наведената релација
… Влезница (важи за пакетот превоз(+)влезница)
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
водич-придружник.
ЗАБЕЛЕШКА.1: За реализација аранжманот потребен е минимум од 14 пријавени патници.
ЗАБЕЛЕШКА.2: За аранжманот е доволно само важечка лична карта (не мора пасош).
ЗАБЕЛЕШКА.3: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување за тој еден ден кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу 100 ден
За дополнителни информации и резервации можете да не контактирате на тел/виб 078 473 181 или преку месинџерот на нашата ФБ фан старана или инстаграм профилот Eurotours Stip
ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:
1.. Ако откажувањето е од страна на артистите или организаторот или на настанот, тогаш рефундирањето на делот што е поврзан со превоз или сместување се врши веднаш, во целост. Ако аранжманот содржи и влезница, тогаш рефундирањето на делот за влезницата е во склад со политиката на организаторот на настанот.
2.. Ако откажувањето од најразлични причини е од страна на Еуротурс (воглавно поради мала заинтересираност, знатно под предвидениот минимум), тогаш рефундирањето е 100% веднаш со отжувањето.
3.. Ако откажувањето е од страна на членот, од негови индивидуални причини, уплатените пари се рефундираат после
реализацијата на настанот и тоа:
– Ако откажувањето е најавено 30+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 20-29 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 8-19 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-7 ден пред на настанот, се рефундира 0% *********